Furkan Abdula
05 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје, во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), се одржа Работилница за оценување на пописот за Турците во Северна Македонија, каде учесниците дискутираа за пописот на населението кое ќе се реализира во април оваа година во Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На оваа работилница учествуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, како и претседателите на турските политички партии во земјата, заменици министри, пратеници, претставници на турските и локалните организации во Северна Македонија, професори, како и други поканети гости.
Во рамки на работилницата беа споделени видеопораките подготвени за изразување поддршката во оваа насока од страна на претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, претседателот на ТИКА, Серкан Кајалар, и претседателот на Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција (YTB), Абдула Ерен.
Амбасадорот Секизќок укажувајќи на важноста на пописот, рече дека со големо задоволство ја набљудува возбудата и свесноста на Турците во земјата во врска со пописот.
Тој нагласи дека исто и Турците кои се наоѓаат во странство ќе бидат дел од овој попис.
„Сигурно дека многу е важно во пописот да се почитуваат меѓународните стандарди и транспарентност. Секој поединец од турската заедница има општествена одговорност во процесот на пописот. Посакувам оваа работилница да биде плодна“, додаде Секизќок.
Меѓу другото, претседателот на МАТУСИТЕБ, Емин, нагласи дека овие пописи имаат витална важност за Турците во Северна Македонија, посакувајќи резултатите на пописот да бидат за доброто на Турците во земјата.
На крајот на работилницата беше донесена одлука за формирање на Национален координативен совет за пописот, и беше усвоена завршна декларација која содржи 15 точки.
„Пописот ќе биде најважниот показател на присуството на турскиот народ во Северна Македонија. Пописот има голема важност во праведното застапување на народите според Охридскиот рамковен договор. Пописот се смета за тапија на турскиот народ кој е основачки елемент на Северна Македонија. Потребно е да се покаже заеднички национален став како турски народ во Северна Македонија“, се вели во декларацијата.
Во оваа декларација се нагласува дека пописот ќе го подготви теренот за зголемување на вработувањето во јавните институции и локалните власти, како и зголемување на нивото на застапеност.
„Резултатите од пописот ќе овозможи турскиот јазик заедно со другите јазици во земјата да биде користен во цела Северна Македонија. Нема да се дозволат политиките за асимилација и негирање кои другите ги планираат да ги спроведат врз нас“, се додава во завршната декларација.
Исто така, во декларацијата се изразува очекување дека пописот ќе се реализира слободно, праведно и транспарентно, во рамки на законите.
„Резултатите од пописот ќе придонесат во зачувување на нашето културно и историско наследство. Ќе овозможи нашето знаме да се вее во повеќе општини на локално ниво. Пописот ќе даде голем морал и придонес пред сè врз турското присуство на Балканот, Република Турција и турскиот свет“, се истакнува во декларацијата.