Ekipa
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
САРАЕВО (AA) - Во Босна и Херцеговина (Бих) живеат 50,11 отсто Бошњаци, 30,78 отсто Срби и 15,43 отсто Хрвати, соопштено е на денешната објава на конечните резултати од Пописот на населението во БиХ од 2013 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Федерацијата БИХ (ФБИХ), според конечните резултати од Пописот на населението во БиХ, живеат 70,4 отсто Бошњаци, 3,60 отсто Срби и 22,4 отсто Хрвати.
Во Република Српска 81,51 отсто од жителите се изјаснија дека се Срби, 2,40 како Хрвати и 13,99 отсто како Бошњаци.
Во Брчко Дистриктот живеат 42,36 отсто Бошњаци, Хрвати 20,66 отсто и Срби 34,58 отсто.
На територијата на Босна и Херцеговина живеат 50,70 отсто припадници на исламската вероисповед, на католичка 15,19 отсто и на православна 30,75 отсто, покажаа резултатите од Пописот на населението.
Податоците од пописот покажуваат и дека Босна и Херцеговина има најголема стапка на неписменост во регионот која изнесува 2,82 отсто додека најниска стапка написменост има Хрватска и таа изнесува 0,80 отсто.
Пописот е спроведен на територијата на целата БИХ од 1-15 октомври 2013 година. Обработката на податоците започна на 27 јануари 2014 година. Првите прелиминарни резултати од пописот на населението во БиХ се објавени на 5 ноември 2013 година од Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина.
Според нив, 3.791.662 лица се попишани, 2.371.603 лица во Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБИХ), 1.326.991 во Република Српска и Дистриктот Брчко 93.028 лица. Резултатите по општините и населените места се објавени на 6 декември 2013 година и во нив се изнесени податоци за бројот на жителите по населените места, бројот на домаќинствата и бројот на попишаните станови во општините на БиХ.