Furkan Abdula
06 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) – Институтот „Јунус Емре" во Скопје одржа церемонија за доделување сертификати за 73 учесници за успешно завршен курс по турски јазик, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Институтот „Јунус Емре" во Скопје се наведува дека вечерва е организирана церемонија за доделување сертификати за учесниците во курсот по турски јазик во организација на оваа институција.
Како што се соопштува, учесниците успешно го завршиле курсот по турски јазик на нивоа од А1, А2, Б1, Б2 и Ц1.
Сертификатите за успешно завршен курс по турски јазик на присутните ученици им ги додели новиот директор на „Јунус Емре" - Скопје, д-р Шемсетин Шекер, како и други професори кои беа дел од овој проект.