Mehmet Yılmaz
06 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
БУДИМПЕШТА (AA) - Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, рече дека неговата земја го поддржува членството на Македонија и на Босна и Херцеговина (БиХ) во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на унгарската дипломатија, Сијарто, истакна дека Македонија преземала сериозни чекори за да стане членка на НАТО, додавајќи дека очекува да стане членка на Алијансата откако оваа земја ќе го реши проблемот околу името со Грција.
Додаде дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да го поддржува евроатланскот пат на Македонија.
„Македонија веќе одамна би требало да биде членка на НАТО. Напорите кои до денес ги преземала се доволни", рече Сијарто.
Тој истакна дека нерешените проблеми на Западниот Балкан предизвикуваат дополнителни потешкотии, додавајќи дека интензивирањето на процесот на интеграции во евроатланските организации значително би помогнал во решавањето на постоечките проблеми.
Нагласи дека Босна и Херцеговина во географска смисла е блиску до Македонија поради што, како што рече, е важно и во таа земја да биде воспоставена безбедност.
Македонија во јули оваа година доби покана да ги започне преговорите за членство во НАТО, а министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на денешниот состанок ја одобрија првата босанско-херцеговска национална Програма со што БиХ доби понуда за Акциониот план за членство (MAP) во НАТО.