Балкан

„Парламентот во Скопје да го комлетира процесот и да ја внесе земјата во Алијансата"

„Сега е на парламентот во Скопје да го комплетира процесот и да ја зграпчи оваа историска шанса да ја внесе земјата во Алијансата", порача Столтенберг по состанокот на министрите за надворшени работи на земјите-членки на НАТО.

Şerife Çetin  | 05.12.2018 - Обновена : 06.12.2018
„Парламентот во Скопје да го комлетира процесот и да ја внесе земјата во Алијансата" (Fotoreporter: Dursun Aydemir/ AA)

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот на министрите за надворшени работи на земјите-членки на НАТО на кој се разговараше за Западен Балкан истакна дека „на Парламентот во Скопје е да го комплетира процесот и да ја зграпчи историската жанса да ја внесе земјата во Алијансата", јавува Anadolu Agency (AA).

Столтенберг, информираше дека за време на сесијата со учество и на високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, разговарале и за Западен Балкан, и рече дека во овие рамки дискутирале во врска со процесот за членство на Македонија, како и за направените чекори во насока на воспоставување блиски односи со Босна и Херцеговина.

„Сојузниците разговараа за прогресот кој Скопје го прави кон членството во НАТО. Веќе започнаа пристапните преговори. Сега е на Парламентот во Скопје да го комплетира процесот и да ја зграпчи оваа историска шанса да ја внесе земјата во Алијансата", порача Столтенберг.

Меѓу другото, во своето обраќање Столнтенберг рече дека целта на Косово да ги трансформира Косовските безбедносни сили во Војска се случува во несоодветно време и е во спротивност со советите на многу сојузници во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, по дводневниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, нагласи дека на последната сесија разговарале за „Resolute Support Mission“ на НАТО во Авганистан.

Столтенберг истакна дека сојузниците на НАТО потврдиле оти даваат целосна поддршка за долгорочната безбедност и стабилност на Авганистан.

Укажувајќи на важноста на претседателските избори кои наредната година ќе се одржат во Авганистан, Столтенберг рече дека успешен изборен процес ќе придонесе за мирот и стабилноста во земјата.

„Талибанците треба да забележат дека веќе нема смисла да се војува, и дека тоа предизвикува само повеќе болка. Треба да седнат на преговарачка маса“, рече генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг истакна дека мирот и стабилноста во Авганистан не се корисни само за неговиот народ, и додаде: „Тоа е и во наш интерес. Ние стануваме побезбедни со стабилен Авганистан“.

Столтенберг истакна дека министрите за надворешни работи на НАТО на вчерашната работна вечера разговарале околу безбедносните закани од Средниот Исток и во Северна Африка, и подвлече дека мисијата на Алијансата за обука во Ирак игра значајна улога во борбата против тероризмот во оваа земја.

Столтенберг соопшти дека во април 2019 година министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат во Вашингтон, со цел одбележување на 70-годишнината на оваа алијанса, каде што ќе се разговара за успесите на Алијансата во минатото, како и за идните чекори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.