Dzihat Aliju
27 Мај 2024•Ажурирај: 30 Мај 2024
СКОПЈЕ (АА) - Симпозиумот „Јас наративи во османлиската литература“ се одржа во Скопје, известува Анадолу.
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), објави дека третиот симпозиум „Јас наративи во отоманската литература“ е спроведен во организација на ТИКА, Универзитетот Меденијет во Истанбул, Центарот за блискоисточни студии на Универзитетот Харвард, Фондацијата за балкански студии и Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Туркије (YTB).
Во соопштението се наведува дека на 14 сесии за различни теми се презентирани 45 академски трудови во рамки на симпозиумот организиран со учество на 52 стручни истражувачи, академици и историчари од повеќе земји од областа на отоманската историја, балканската географија и „Јас наративи“.
Во соопштението, кое го вклучува и говорот на координаторот на ТИКА Скопје, Мехмет Бајрак, на отворањето на симпозиумот, се вели:
„Како и во останатиот дел од балканската географија, со кои споделуваме заедничка историја и култура, и во Северна Македонија спроведуваме активности за реставрација и реновирање со цел да ги зачуваме делата од наследството на нашите предци и да им ги пренесеме на идните генерации. Настојуваме да ги зачуваме, споделиме и пренесеме на идните генерации не само структурите што ги оставиле нашите предци, туку и вредните научни и литературни дела создадени и развиени од нив.“
На симпозиумските сесии „Јас наративи“, „Автобиографски приказни“ и „Раскажувања во прво лице“ беше наведено дека во изворите на трудови, како дневници, мемоари, автобиографии и приватни писма, е евидентирано дека се спроведени академски истраги и определби во врска со отоманската историја, култура и општествениот живот кои не биле пронајдени во архивите.
Во соопштението се наведува дека на симпозиумските сесии, концептите „Јас наративи“, „Автобиографски приказни“ и „Раскажувања во прво лице“ биле испитани кај делата од жанрот дневници, мемоари, автобиографии и приватни писма, при што е утврдено дека се спроведени академски истражувања и наоди во врска со отоманската историја, култура и општествениот живот, кои не се наоѓаат во архивите.