Турција, живот, Балкан

Семејството Атик со потекло од Скопје веќе 65 години го пренесува вкусот на бозата во турски Баликесир

„Татко ми ја работеше истата работа во Скопје. Потоа почнавме со бизнисот. Долго работевме како чираци кај нашиот татко. Се разбира, тоа е долга и напорна работа. Правењето боза е посебна култура.“

Gökhan Dağlı  | 24.11.2023 - Обновена : 28.11.2023
Семејството Атик со потекло од Скопје веќе 65 години го пренесува вкусот на бозата во турски Баликесир Фото: Gökhan Dağlı/АА

БАЛИКЕСИР (АА) - Фаик Атик ја продолжува традицијата на правење боза како наследство од неговиот татко, кој го започнал овој бизнис пред 65 години на подрачјето на Бандирма во турската област Баликесир, а вкусот на бозата се протега од Балканот до Туркије, јавува Анадолу.

Атик изјави дека неговото семејство со години се занимава со бизнисот со боза.

Тој раскажа дека неговото семејство се преселило од Скопје во Бандирма и дека овој бизнис го основал неговиот татко во 1958 година.

„Татко ми ја работеше истата работа во Скопје. Потоа почнавме со бизнисот. Долго работевме како чираци кај нашиот татко. Се разбира, тоа е долга и напорна работа. Правењето боза е посебна култура. Бозата има историја од најмалку 5-6 илјади години, но овде најмногу се консумира во зима“, нагласи Атик.

Тој истакна дека правењето боза е малку поразличен занает и потребни се многу години за да се научи.

„Кога професијата е тешка, никој не вели дека ќе ја научи таа работа. Обично бозата се консумира во зима. Така што профитот не е задоволителен. Но може да се консумира во сите четири годишни времиња. Може да кажеме дека веројатно сме последна генерација што се занимава со овој бизнис“, додаде тој.

Атик нагласи дека многу ја сака својата професија и дека посакува, и има за цел, бизнисот да „доживее“ еден век.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.