Besar Ademi
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
СКОПЈЕ
Македонската полиција во близина на Гевгелија, на границата со Грција, сопре товарен камион со кој се превезувале 79 нелегални мигранти во обид да продолжат кон северната граница на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од МВР соопштуваат дека полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ во соработка со полициски службеници од Унгарија, кои ѝ помагаат на Северна Македонија да се справи со мигрантите на јужната граница, вчера на локалниот пат Богданци - Стојаково сопреле камион кој превезувал нелегални мигранти.
„Во возилото биле пронајдени 79 лица-мигранти, а возачот на возилото бил лишен од слобода за натамошна постапка“, се вели во соопштението на МВР.
По затворањето на т.н. „балканска рута“, чиј дел беше и Северна Македонија и низ која мигрантите од Сирија, Авганистан и Ирак го продолжуваа својот пат кон земјите од Западна Европа, продолжија нелегалните поминувања на границата.