Ekipa
25 Декември 2021•Ажурирај: 26 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 266 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 222.932, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 8 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во периодот од 27.11-24.12.2021. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 7.894.
Институтот за јавно здравје регистрира 717 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 210.319.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 4.719.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.572 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирање.