Admir Fazlagikj
30 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 194 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 17.977, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство потврди два нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 739.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од Ковид-19 со што вкупната бројка на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 14.959.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 2.279.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1697 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на овој вирус.