Балкан, Коронавирус

На Косово 46 новозаразени со коронавирусот, нема починати

- Во Косово има 1.441 активен случај на заразеност со коронавирусот

Zylfije Adem Jakupi  | 30.09.2020 - Обновена : 01.10.2020
На Косово 46 новозаразени со коронавирусот, нема починати

ПРИШТИНА

Во последните 24 часа во Косово е спроведено тестирање на 580 сомнителни примероци, од кои 46 биле позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а нема починати, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во Косово спроведено е тестирање на 67.874 лица, при што кај 15.620 е детектиран коронавирусот, а 625 лица починаа од последиците на заразеност со Ковид-19.

Во последните 24 часа оздравеа уште 62 пациенти, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 13.554. Во моментов во Косово активни се 1.441 случај на заразеност со Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın