Ekipa
01 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 169 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата во земјата достигна 340.510, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на истиот период не се пријавени починати лица од Ковид-19, но согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно лице починато на 28.08.2022 година.
Билансот на смртни случаи од почетокот на пандемијата во земјата изнесува 9.490.
Институтот за јавно здравје регистрира 242 оздравени пациенти од коронавирусот, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 329.434.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 1.586.
Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие направени се 746 тестирања за Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата во земјата се реализирани вкупно 2.151.894 тестирања.