Северна Македонија: Регистрирани 165 нови случаи на Ковид-19, починати 7 лица
Министерството за здравство соопшти дека се починати 7 лица, со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во земјата се искачи на 328
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 165 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус се искачи на 6.787, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 7 лица, со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во земјата се искачи на 328.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 2.876.
Според соопштението, во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.583.
Во последните 24 часа се направени 1.454 теста за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања за овој вирус.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.