Ayhan Mehmet
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
АТИНА
Во Пиреј, недалеку од грчкиот главен град Атина, затворен е месџид кој го користеа муслиманите, со образложение дека нема потребна дозвола, јавува Агенција Анадолија (АА).
Месџидот „Андалусија“ во Пиреј, во кој од 1989 годинака верски обреди извршуваа и многу туристи, од денеска е затворен.
Муслиманите кои тука се најдоа да ги соберат работите од месџидот, не можеа да ги скријат емоциите поради оваа одлука.
„Ова место, кое 32 години на многу муслимани им даваше можност за молитва, денеска е затворено поради одлуката донесена без причина“, рече претседателот на Здружението на муслиманите во Грција, Наил ел Гадур.
Порача дека треба јасно да им се објасни поради што е донесена таа одлука за затворање.
„Што добиваат властите со затворање на ова место за молитва ако и во Атина официјално не постои џамија? Како што во Атина не постои џамија, така не постојат ниту мезари. Зошто муслиманите се присилени да гледаат однесување како кон граѓани од трет ред во оваа земја? Зарем сакаат муслиманите да ја мразат оваа земја?“, запраша тој.
Одлуката ја коментираше и Здружението на муслиманите во Грција.
„Муслиманите, за жал се далеку од еднаквоста пред законот“, велат од здружението.
Атина е единствен главен град во Европа во кој нема отворена џамија, а муслиманите молитвите ги извршуваат на местата кои ги прават во согласност со сопствените можности.
Од друга страна, првата официјална џамија во Атина, чија изградба заврши, поради разни пречки и понатаму не е отворена за молитви. Џамијата на медиумите им е претставена во јуни минатата година, а првата молитва требаше да биде извршена во септември.