Husamedin Gina
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 159 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 13.458, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 6 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 563.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 10.052.
Во моментот активни се 2.843 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 136.051 тестирања за Ковид-19.