Bedrudin Brljavac
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина (БиХ) во последните 24 часа регистрирани се 318 нови случаи на коронавирусот, а починаа шест лица кои биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Федералниот завод за јавно здравство, во изминатите 24 часа (до 12 часот) во Федерацијата БиХ пријавени се резултатите од тестирањето на 1.013 примероци, од кои 232 се позитивни на Ковид-19. Нови случаи се регистрирани во сите кантони/окрузи, освен Босанско-подрискиот и Посавскиот.
Во Федерацијата БиХ досега се тестирани 109.356 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 10.707 лица. Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ оздравени се 7.160 пациенти, а во изминатите 24 часа евидентирани се 127 излекувани пациенти. Моментално активни се 3.262 случаи на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа, до Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се три смртни случаи од Ковид-19. Со денешниот ден, вкупниот број на смртни случаи на подрачјето на Федерацијата БиХ е 285, од кои 181 се мажи (63,5 отсто) и 104 жени (36,5 отсто).
Во ентитетот Република Српска, во последните 24 часа обработени се 577 примероци, а коронавирусот е потврден кај 86 лица, а три лица починале.