Oktaj Omeragikj
30 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 3 дена (од 27.05 до 29.05.2022), во земјата е спроведено тестирање на 2.335 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 151 биле позитивни на коронавирус, а притоа 29 лица се реинфицирани. Вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза од почетокот на пандемијата во земјата достигна 311.851, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период е регистриран еден смртен случај од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани две починати лица. Досега поради заразеност со коронавирус, во земјата животот го загубија 9.303 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 302.013.
Во моментот, бројот на активни случаи со коронавирус изнесува 535.
Министерството за здравство информира дека во периодот од 27.05 до 29.05.2022 е спроведено тестирање на 2.335 примероци сомнителни на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.053.343 тестирања.