Furkan Abdula
17 Август 2022•Ажурирај: 18 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 521 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 336.560, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.429.
Институтот за јавно здравје регистрира 485 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 323.536.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 3.595.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.231 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања.