Балкан

Бугарија: Војници предизвикаа пожар додека уништувале експлозивен материјал

- Пожарот брзо се проширил на површина од 1.400 хектари

Ihvan Radoykov  | 18.08.2022 - Обновена : 19.08.2022
Бугарија: Војници предизвикаа пожар додека уништувале експлозивен материјал Илустрација

СОФИЈА (АА) - За време на активностите на војниците за уништување на експлозивен материјал во Казанлак, Бугарија, изби пожар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за одбрана наведено е дека пожарот избил додека војниците во местото Шејново вчера уништувале мини и противтенковски проектили. Поради чадот на тоа подрачје, сообраќајот бил запрен на неколку улици.

Пожарот брзо се проширил на површина од 1.400 хектари.

Многу пожарникари се на терен и настојуваат пожарот да го стават под контрола.

Гувернерот на тоа подрачје, Иван Чолаков, соопшти дека настојуваат да спречат пожарот да се прошири на фабриките со оружје и воените складишта со муниција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın