Furkan Abdula
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 195 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 307.142, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.234.
Институтот за јавно здравје регистрира 207 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 296.373.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.535.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.249 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања.