Ali Cura
06 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со реизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Кремљ, Путин на разговорот му честитал на Вучиќ, кој победи на претседателските избори во Србија на 3 април.
На телефонскиот разговор, на која беше реафирмирана меѓусебната тенденција за понатамошен развој на стратешкото партнерство Русија - Србија и зајакнување на трговско-економските врски, вклучително и во енергетскиот сектор, се разговараше и за актуелни меѓународни прашања, меѓу кои и за ситуацијата во Косово.
Се вели дека Путин му дал информации на Вучиќ за преговорите меѓу Украина и Русија.