Husamedin Gina
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 588 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), зголемувајќи ја вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 159.269, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се 8 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи предизвикани од заразеност со коронавирусот се искачи на 5.521.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.613.
о Северна Македонија има 3.135 активни случаи на заразеност со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.780 тестирања за Ковид-19, вкупно 1.033.882 тестирања од почетокот на епидемијата во земјата.