Furkan Abdula
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 389 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 95.736, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 4 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.959.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 86.844.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 5.933.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.445 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 476.725 тестирања.