Elena Trenchevska Chekovic
04 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се четири нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 155.710, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани нови починати лица од Ковид-19, сo што билансот на смртни случаи од вирусот е непроменет и изнесува 5.486.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира шест оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 150.073.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 151.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.760 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 890.381 тестирање.