Furkan Abdula
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 92 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 301.583, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 4 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.150.
Институтот за јавно здравје регистрира 363 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 290.617.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.816.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.176 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања.