Furkan Abdula
25 Февруари 2022•Ажурирај: 26 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 517 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 296.229, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 13 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.981.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.022 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 282.604.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 4.644.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.669 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања.