Furkan Abdula
16 Март 2022•Ажурирај: 17 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 328 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 302.224, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 4 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.159.
Институтот за јавно здравје регистрира 237 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 291.144.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.921.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.535 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања.