Балкан

Се урна мал авион во Бугарија: Загинаа 2 лица

Градоначалникот на општина Оризаре, Јордан Тотев изјави дека авион во сопственост на еден спортски авиоклуб се урнал во подрачјето на градот, при што животот го загубиле две лица

İhvan Radoykov  | 20.04.2019 - Обновена : 21.04.2019
Се урна мал авион во Бугарија: Загинаа 2 лица

СОФИЈА 

Во југоисточниот дел на Бугарија, во близина на градот Оризаре се урна мал авион. Во оваа авионска несреќа животот го загубија две лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Градоначалникот на општина Оризаре, Јордан Тотев за Бугарското национално радио (BNR) изјави дека авион во сопственост на еден спортски авиоклуб се урнал во подрачјето на градот, при што животот го загубиле две лица.

Тотев информираше дека според првичните информации, причина за несреќата бил проблем на дел од крилото на авионот.

Авионот се урнал покрај брегот на реката Марица. Започната е истрага во врска со несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın