Ekip
20 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на поканата на неговиот македонски колега, Ѓорѓе Иванов, истакна дека доколку има соодветна програма, во мај ќе ја посети Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателите Ердоган и Иванов по средбата одржана во претседателскиот комплекс во Анкара, одржаа заедничка прес конференција.
Претседателот Ердоган како одговор на поканата на неговиот македонски колега Иванов, рече дека доколку неговата програма биде соодветна, во мај ќе се реализира возвратна посета на Македонија.
Турскиот претседател Ердоган нагласи дека зачувувањето на спокојството и мирот во Македонија која е огледало на Балканот, претставува многу значаен пример за регионот.