Балкан

САД ги зголемуваат воените инвестиции во Грција

- По Договорот за меѓусебна одбранбена соработка (MDCA) што го потпишаа САД со Грција во октомври, САД ќе инвестираат 33,5 милиони долари за изградба на два хангари и зграда за поддршка во воздухопловната база во Лариса.

Derya Gülnaz Özcan, Tevfik Durul  | 01.12.2021 - Обновена : 02.12.2021
САД ги зголемуваат воените инвестиции во Грција

АТИНА

Соединетите Американски Држави (САД) ќе инвестираат 33,5 милиони долари во базата во Лариса, Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста на весникот „Катимерини“ се наведува дека по Договорот за меѓусебна одбранбена соработка (MDCA) што го потпишаа САД со Грција во октомври, САД ќе инвестираат 33,5 милиони долари за изградба на два хангари и зграда за поддршка во воздухопловната база во Лариса.

Базата ќе се користи од американските воздухопловни единици во Европа (USAFE), а се очекуваат и нови предлози од САД во однос на програмата за вооружување на Грција.

Во веста се нагласува дека Атина може да купи борбени авиони Ф-35 од САД, и дека тој процес може да трае пет години.

Грчкото воздухопловство може да го искористи овој процес за да ги заврши потребните инфраструктурни работи и обука на персоналот.

Исто така, се додава дека 73 хеликоптери и 995 парчиња опрема на САД ќе дојдат во Грција оваа недела преку пристаништето „Александрополис“, со што вкупниот број на опрема што ќе стигне до пристаништето, ќе ја достигне бројката од 2.000.

Меѓу другото, во веста се наведува дека Вооружените сили на САД инвестирале 300.000 долари во пристаништето „Александрополис“, само за вежбата именувано како „Дефендер 21“.

Се додава дека оваа година во базата „Стефановикио“ кај Волос ќе пристигнат 400 војници од американското воено воздухопловство со 15 хеликоптери од видот „Апачи“ и 9 од видот „Блек хоук“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.