Fatjon Cuka
15 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
ТИРАНА (АА) - Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше на изјавата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во врска со добивањето на датумот за отворањето на преговорите за членство во ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рама, на социјалните мрежи напиша дека овој пристап не изгледа „ниту праведно, ниту практично."
„Претседателот Пендаровски подразбира фаворизирање на раздвојувањето од Албанија во преговорите? Изненадувачки е овој пристап, особено кога го зема во предвид клучниот придонес на Албанија и Албанците за демократските случувања и за европскиот пат на пријателската држава. Тоа, фактички не изгледа ниту праведно, ниту практично", напиша Рама.
За време на посетата на Брисел пред неколку дена, Пендаровски за странски медиум изјави дека неговата земја ги реши децениските проблеми, што придонесе за стабилноста на Западен Балкан, додавајќи дека бариерите за членство во НАТО и ЕУ се отстранети.
„Најголемиот проблем сега е раздвојувањето со Албанија, сега Албанија е во хаос. Опозицијата ги напушти институциите и станува напнато", рече Пендаровски, барајќи раздвојување на одлуката за почнување на пристапните преговори за членство на двете земји во ЕУ.
Европската комисија (ЕК) минатиот месец препорача отворање на пристапните преговори Албанија и Северна Македонија.
Северна Македонија статус на земја-кандидат за членство во ЕУ стекна во 2005 година, а Албанија во 2014 година.