Admir Fazlagikj
07 Март 2023•Ажурирај: 08 Март 2023
СКОПЈЕ (АА) - Две лица загинаа, а едно е повредено при пукање кое вечерва се случило во угостителски објект во Скопје, потврдија за Анадолу од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија.
„На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
На местото на настанот се пристутни полициски екипи кои ги утврдуваат деталите.