Балкан

Протести во Нови Сад: Оштетени зградата на РТВ Војводина, просториите на СНП

По 21 часот неколку десетици демонстранти се судрија со полициските сили, гаѓајќи ги со камења, а полицијата одговори со солзавец. Има и приведени.

Aleksandar Savanovic  | 09.07.2020 - Обновена : 09.07.2020
Протести во Нови Сад: Оштетени зградата на РТВ Војводина, просториите на СНП Фото: Aleksandar Jovanović/АА

НОВИ САД (АА) - Неколку илјади жители на Нови Сад протестираа на улиците на градот незадоволни поради синоќешната полициска интервенција над учесниците на протестите во Белград и ситуацијата во државата барајќи оставки, а во текот на протестите забележани се повеќе инциденти во кои е оштетен влезот во зградата на Радиотелевизија Војводина и искршени стаклата во просториите на Српската напредна патија, и запален влезот во Градското собрание, јавува Агенција Анадолија (AA).

На собирот се обрати Миран Погачар, активист на Здружената иницијатива „Покрив над главата“, кој изнесе четири барања: оставка на директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, и српскиот претседател Александар Вучиќ; распуштање на Кризниот штаб за да се открие вистината за тоа колку луѓе починале и колку се разболени од Ковид-19; парите, наместо во изградба на цркви да бидат насочени кон здравствениот систем и оние што се заразени; вработување на нови лекари, како и сите работници кои биле отпуштени за време на епидемијата на коронавирусот да бидат вратени на работа.

Погачар рече дека граѓаните на Србија имаа можност да видат што се случуваше синоќа на улиците на Белград.

„Нема да дозволиме тој да нè тепа, а ние да го плаќаме. Затоа долу Вучиќ“.

Двочасовниот марш низ улиците на Нови Сад започна мирно, со извикување пароли против актуелната власт, а потоа на чело на колоната излегоа активисти на десноориентирани групи, палени се светлосни ракети, а првиот поголем инцидент се случи пред зградата на Радиотелевизија Војводина каде група маскирани момчиња фрлаа со камења врз зградата на телевизијата, скршена беше и влезната врата. Полициските сили беа во близина, но не интервенираа.

Наелектризираната атмосфера се пренесе неколку стотици метри подалеку каде што беа фрлани камења кон просториите на Српската напредна партија. Кулминацијата се случи на централниот градски плоштад, кога некои демонстранти го искршија стаклото на Градското собрание, а беше предизвикан и пожар на влезот во зградата. Полицијата беше лоцирана на неколку десетици метри но не интервенираше, а дел од демонстрантите продолжија да фрлаат камења врз зградата.

По 21 часот, поголемиот дел од демонстрантите се разидоа од централниот градски плоштад, но неколку десетици демонстранти останаа и се судрија со полициските сили, гаѓајќи ги со камења. Полицијата одговори со солзавец. Има и приведени демонстранти.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın