Husameddin Gina
18 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
СКОПЈЕ (АА) – Пазарџиите во Скопје ставија клуч на тезгите и излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија и го блокираа булеварот, јавува Anadolu Agency (AA).
Пазарџиите бараат од пратениците што го гласаа Законот за трговија на зелените пазари целосно да го повлечат.
Според нив, пазарот им е единствена егзистенција, и потенцираат дека со обврските што им се ставаат на товар дополнително ќе се доведат до работ на егзистенција.
Законот за трговија на зелените пазари кој стапи во сила од 1 јануари годинава предвидува секој закупец на тезга да плаќа годишна лиценца од 60 евра, а за дополнителна тезга плус 40 евра.
На пазарите не смеат да продаваат пензионери, вработени и хонорарци.
Според процените на Стопанската комора на Македонија, во земјата има 15.000 тезги, но нема прецизна статистика колку пазарџии треба да се лиценцираат.