Alma Çekovic
04 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
САРАЕВО (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес оствари телефонски разговор со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, и го покани да ја посети Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган му ја честиташе победата на Вучиќ на претседателските избори во Србија, со оцена дека пријателските односи и соработката меѓу двете клучни земји на Балканот дале важен придонес кон регионалниот просперитет и мир, се вели во соопштението од српската Влада.
Вучиќ го повика турскиот претседател да ја посети Србија, по што Ердоган ја прифати поканата, и нагласи дека за него претставува голема чест да биде еден од првите гости на новоизбраниот претседател на Србија.
Турскиот претседател истакна дека лидерството и личните заложби на Вучиќ имале голема улога во остварувањето на соработката и регионалното партнерство, со кои се зајакнаа билатералните односи меѓу Србија и Турција во изминатите неколку години.
„Како двајца лидери кои се избирани за време на својот премиерски мандат, во потполност верувам дека ќе работиме заедно за понатамошно зајакнување на нашите сегашни пријателски односи и соработка, особено во економијата“, рече Ердоган.
Тој додаде дека се надева оти билатералната и регионалната соработка ќе се зајакнат во сите области.