Vesna Besiç
25 Јули 2017•Ажурирај: 26 Јули 2017
САРАЕВО (АА) - Во службата на криминалистичката полиција е завршена кривичната истрага против 51-годишната жена осомничена за загрозување на животот и имотот со опасни дејства или средства, пренесува Anadolu Agenncy (AA).
Од Шибенско-Книнската полициската управа велат дека е утврдено оти осомничената во периодот од 18 до 23 јули во Дубрава, намерно, со отворен оган предизвикала вкупно седум пожари, вклучувајќи и шест на парцелите на локалните жители, кои не се проширија многу поради самоорганизирањето и брзата реакција на локалното население, така што едниот пожар што избувна во шталата на еден селанец го изгаснаа полициските службеници кои биле во превентивна обиколка во оваа област.
По завршената кривична истрага, осомничената со кривична пријава е предадена во притворската полициска единица во ова полициска управа.