Mümin Altaş
28 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
АНКАРА (АА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, на покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, утре ќе пристигне во Анкара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, на официјалните средби што ќе се одржат во Анкара ќе се оценат односите меѓу Турција и Косово од сите аспекти, а исто така ќе бидат разменети мислења за чекорите што може да се преземат за подобрување на билатералната соработка.
Во оваа прва официјална посета на Турција на Османи-Садриу ќе се разговара и за актуелните, регионалните и меѓународните случувања, особено за Балканот, како и за билатералните односи меѓу двете земји.