Senita Şeherçehayiç
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ДУБРОВНИК (АА) - Заврши 12. традиционален Дубровник Форум, под наслов „Јадранско-медитеранска соработка и безбедност во југоисточна Европа” на кој тежиштето на дискусиите беше ставено на јадранско-медитеранска линк на стратешки битното подрачје на кое се вкрстуваат Европа, северна Африка и Блискиот Исток, за кое е потребно заедничко соочувување со предизвиците за безбедност и стабилност во Средоземието и соседните подрачја, низ јакнење на соработка и поттикување дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на Форумот, разгледани се бројни можности на конкретно делување. Овогодишниот Форум беше насочен кон развивање на дополнителни можности за соработка на Јадранот и источното Средоземие, како и интер-културниот дијалог, со нагласок на мобилност и образование на младите, соопшти министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, кој беше домаќин на Форумот.
Дубровник Форум 2017 го отвори премиерот на Републлика Хрватска Андреј Пленковиќ, а покрај него свои обраќања имаа претседателот на хрватскиот Сабор, Горан Јандроковиќ, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ и претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Работниот дел на Форумот беше организаиран од една тркалезна маса и два панела.
На тркалезната маса на тема „Мир, безбедност и стабилност” дефинирано е јадранско-медитеранското подрачје како географска точка на пресекот на Блискиот Исток, северна Африка и Европа. Донесен е заклучок дека ова подрачје на повеќекратни предизвици, има потреба од поголема соработка на политички, безбедносен и економски план, за што се дефинирани три приоритети на заедничко делување.
На панелот „Економија, меѓусебна поврзаност и животна средина: Развивање на можности за работа во источно Средоземие” се разгледани можностите за развивање на копнени, поморски и воздушни транспортни врски, како основен предуслов за зголемување на економската размена.
Јадранско-медитеранското подрачје и југоистокот на Европа кријат многу неискористени можности за воспоставување нови поморски и воздушни врски, со што би се поттикнале трговијата и туризмот и би се подобрила комуникацијата меѓу државите и жителите на овие делови од светот. Исто така станало збор и за веќе планираниот копнен транспортен коридор и потребата од испитување на дополнителни можности во заштита на животната околина, поморската безбедност и енергетика.
На панелот „Интер-културен дијалог, образование, младина”, истакнато е дека „доброто на луѓето и општиот развикот треба да биде во основата на нашето делување, а вредностите за мир и толеранција потребно е да се промовираат низ интер-културни и меѓуверски дијалзи, поврзувајќи ги луѓето од различни региони и средини во надминување на културните и политички поделби, засилувајќи го нивното взаемно разбирање”. На Форумот се дебатираше за начинот на отворање можности за младите низ образование, академска мобилност, вработување и претприемништво. Вложувањето во младите е вложување во безбедноста - е заклучокот на овој панел.
Како што соопшти Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, „овогодишниот Дубровник Форум испрати силна порака на посветеност за засилување на заедништвото на државите од јадранското и медитеранското подрачје во потрага за што поквалитетни одговори на бројни современи предизвици и донесување политика која му дава потстрек на економскиот раст и придонесува за стабилност на овој геополитички многу значаен дел од светот”.
Непосредно пред Дубровник Форум 2017, се одржа состанок на врвот на земјите учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (SEECP), чиј домаќин беше претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.
На овој состанок беше заклучено Хрватска едан година да биде претседавач со овој процес. На самитот на кој е усвоена завршна декларација, покрај учеството на највисоките функционери на земјите од SEECP, претседателите на Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Словенија и Србија, премиерот на Бугарија, свое учество зема и Фредерика Могерини, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија.