Fatjon Cuka
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
ТИРАНА (AA) – Во пожарот кој избувна во еден ресторан на туристичкото одмаралиште на плажата Велипоја, во близина на Скадар во Албанија, повредени се неколку лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според првичните податоци на полицијата, тројца државјани на Албанија добија повреди во пожарот предизвикан најверојатно од експлозија на плинска боца, префрлени се во болница.
„Првичните информации покажуваат дека се повредени тројца државјани, меѓу нив и сопственик на објектот Б.З, стар 55 години и тој се наѓа во критична состојба, како и Х.З и С.С., кои се сместени во Регионалната болница во Скадар и тие се надвор од животна опасност", наведено е во соопштението на полицијата во Скадар.
По експлозијата на местото на настанот излегоа припадници на косовските сили за брзи интервенции, пожарникари, полиција и екипи на итната служба поради евакуација на жителите околу ресторанот.