Vesna Besiç
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
НЕЗУК (AA) – Повеќе од 5.000 лица тргнаа утрово од Незук кон Поточари, учествувајќи на овон начин на овогодинешниот Марш на мирот кој се одржува во знак на сеќавање на сите невино убиени Сребреничани во јули 1995. година, јавува Anadolu Agency (AA).
Чамил Дураковиќ, претседател на Организацискиот одбор за одбележување на 22. годишнина на геноцидот потсети дека традицијата на одржување на Маршот на мирот трае веќе 12 години.
„Сега Маршот прерасна во една планетарна активност каде имаме луѓе кои доаѓаат од сите страни на светот, а и оние кои се потомци на оние кои се убиени '95. година на овој пат. Самиот наслов Марш на мирот е порака, преку ова живо сеќавање, со одење по трасата, барем еден ден да се почувстввува она што тие луѓе го преживеале", рече Ќамил Дураковиќ
Целта е да се оддаде почест на оние кои ги загубија животите на „патот на смртта", да се изврши верски обред на гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари.
Дураковиќ додаде дека секоја година по една патека на Маршот на мирот учествува и некој од функционерите.
Мунир Хабибовиќ, еден од организаторите на Маршот на мирот потврди дека очекуваат на маршот да има помеѓу 5.000 и 7.000 луѓе.
Мухамед Папиќ, еден од организаторите на Маршот од Сараево до Незук, потсети дека групата од 70 лица на пат тргна на 3. јули.
„Пешачевме околу 170 километри. Тргнаа 68 лица и ова е шеста година што доаѓаме од Сараево", појасни Папиќ.
Негова порака од Незук е геноцидот никогаш да не се повтори на планетата и дека жртвите од геноцидот никогаш нема да бидат заборавени.
Најмладиот учесник во групата има 17, а најстарио 65 години. Един Џиналиќ со две малолетни деца дојде од Тешањ.
„Ова ми е седми пат. Тргнав да оддадам почест на сите загинати. Денеска ни е пак добро, како им беше на нив '95. година. Ние пак одиме и не се плашиме дали некој ќе пука ... Не ми е тешко ", рече Џиналиќ.
Ерчин Шенлик пристигна со група од Турција.
„Прв пат сум тука", рече Шенлик. Саид Сакиќ, дојде од Калесија, во Маршот учествуваат 12 пати.
„Во Маршот учествувам со цел тој да не се заборави. Имам многу пријатели кои се преживеани. Најлошо ми е кога ќе дојдам во Фабриката на акумулатори", порача Сакиќ.
Во Меморијалниот центар во Поточари на 11. јули ќе се одржи верски обред и ќе бидат погребани 71 нови идентификувани посмртни остатоци на жртви од геноцидот, кој во јули 1995. година го извршија Војската и полиција на Република Српска (РС), како и паравојните формации од РС и Србија над Бошњаците во „заштитените зони на Обединетите нации".