Merve Özlem Çakır
11 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
ЗАГРЕБ
Министерката за трговија на Република Турција, Рухсар Пекџан, во Загреб изјави дека верува оти Хрватска зад себе ќе остави многу успешно претседавање со Советот на Европската Унија (ЕУ), и дека во таа смисла на Турција ѝ е многу значаен придонесот во контекст на ажурирање на договорот за Царинската унија со ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пекџан присуствуваше на турско-хрватската тркалезна маса на која се собраа голем број деловни луѓе од Турција и Хрватска, а која беше организирана во соработка на Одборот за меѓународни економски односи (DEIK) и Економската комора на Хрватска.
Обраќајќи се на отворањето на овој собир, таа рече дека денеска имала можност да се сретне со хрватскиот министер за економија, претприемништво и занаетчиство, Дарко Хорват. Пекџан порача дека треба да се отстранат сите пречки во областа на трговијата и дека треба да се разговара за политичките несогласувања одделно од трговските теми.
Таа истакна дека верува оти Хрватска успешно ќе претседава со Советот на Европската Унија (ЕУ).
„Очекуваме дека овој период ќе има многу позитивно влијание и врз турско-хрватските односи и односите Турција - ЕУ. По повод хрватското претседавање со Советот на ЕУ, многу ни се значајни и придонесите во контекст на ажурирање на турскиот договор за Царинската унија со ЕУ. Ние мораме да го приспособиме тој договор со денешните економски услови“, рече Пекџан.
Таа додаде дека деловната соработка денеска добила на своето значење.
„Во време кога се водат глобални трговски војни, меѓународната трговија е ограничена, мерките на протекционизам се зголемуваат, а од друга страна, растат појавите како епидемијата на коронавирус, при што регионалните соработки стануваат сѐ позначајни и поважни. Во овој процес, придонесот на приватниот сектор е исто така многу важен за нас“, рече Пекџан.
Таа додаде дека се согласила со својот хрватски колега за избалансиран пораст на извозот на двете држави во согласност со „вин-вин“ политика и додаде дека ќе стори сé за да ги отстрани пречките за претприемачите.
Пекџан рече дека Турција има сеопфатен и флексибилен систем на стимулации и дека хрватските претприемачи треба да ја искористат таа погодност.
„[Заклучно] со ноември 2019 година имавме 7,5 милијарди директни странски вложувања. Износот на тие вложувања достигна 217 милијарди долари во последните 17 години. Во оваа пригода сакам да нагласам дека сакаме да видиме што повеќе проекти од турскиот и хрватскиот деловен свет“, порача Турковиќ.