Zulfija Jakup
19 Октомври 2018•Ажурирај: 19 Октомври 2018
ПРИШТИНА (АА) - Првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли изјави дека од министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, доби полна поддршка за предизвиците што се наоѓаат пред Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Пацоли на прес-конференцијата изјави дека на средбата со својот турски колега разгледале важни политички, економски теми и билатералните односи меѓу двете земји, и потсети дека Турција е меѓу првите земји коишто ја призна независноста на Косово и го поддржува Косово на сите начини.
Пацоли рече дека од министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, добил гаранции дека Косово ќе ја има поддршката на Турција и во иднина, и наведе дека разговарале и за идната соработка на економско поле, како и за предизвиците што стојат пред Косово.
„Го информирав мојот колега и за текот на дијалогот и за она што е постигнато, како и за предизвиците што не очекуваат. Сигурно не изостана уште еднаш ветувањето на Турција дека ќе нѐ поддржи и во тоа“, рече Пацоли.
Тој наведе дека Косово се наоѓа и пред предизвици, како што е членството во ИНТЕРПОЛ идниот месец и во УНЕСКО идната година, истакнувајќи дека го добил ветувањето за подршка на Турција и во тие процеси.
Пацоли објасни дека повеќе од 17 земји, коишто го признаа Косово, нема да можат да гласат за членството на Косово во ИНТЕРПОЛ, затоа што не ја платиле сумата за членство во таа организација. Тој наведе дека Косово и Турција имаат потпишано 22 договори, додавајќи дка ќе следат нови договори, потврдувајќи дека ќе продолжи реализацијата на постоечките.
Пацоли ги охрабри турските инвеститори да продолжат да вложуваат на Косово, изразувајќи ја својата благодарност до Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за 600-те мали и големи проекти на Косово, вредни стотици милиони евра.