Балкан

„Не сакаме братската земја Косово да дозволи присуството на терористите"

„Не сакаме братската земја Косово да го дозволи присуство на терористите кои извршија државен удар во Турција. Очекуваме да ги екстрадира терористите кои треба да бидат екстрадирани", истакна Чавушоглу.

Kayhan Gül  | 19.10.2018 - Обновена : 20.10.2018
„Не сакаме братската земја Косово да дозволи присуството на терористите" (Foto: Erkin Keci/ AA)

Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во рамки на неговата посета на Косово, во главниот град на оваа земја, Приштина, сотвари средба со неговиот косовски колега, Беџет Пацоли, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу и Пацоли по средбата одржаа заедничка прес-конференција. Шефот на турската дипломатија изрази задоволство поради неговата посета на братската и пријателската земја Косово, истакнувајќи дека за време на денешните средби во Косово разговарале за билатералните односи.

Пацоли: „Косово ја има поддршката на Турција“

Тој уште еднаш ја потврди поддршката на Турција за Косово со кого има историски врски и со косовскиот народ.

„За нас, независноста, територијалниот интегритет и сувереноста на Косово е суштински.

Ние продолжуваме со нашата кампања Косово да биде признаено од уште повеќе земји. За време на нашите средби особено во тие земји, кои сеуште не го признале Косово, секако го актуализираме тоа“, додаде Чавушоглу.

Чавушоглу укажа на важноста на интеграцијата на Косово во меѓународната заедница.

„За тоа заедно ќе вложиме напор. Особено е важна интеграцијата во евроатлантските институции. Од периодот кога бев претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, досега вложиме напор за членството на Косово, на пример во Советот на Европа. Постигнавме одреден напредок, но се уште не сме на псоакуваното ниво во вврска со членството. Затоа, треба да ги продолжиме нашите напори“, рече тој.

Истакнувајќи дека силно го поддржуваат процесот на дијалог меѓу Приштина и Белград, Чавушоглу рече дека тоа го сметаат за важно за стабилноста и мирот во регионот, и дека на двете страни им ги упатиле нивните пријателски мислења. Чавушоглу посочи дека тие како Турција ќе продолжат да го поддржуваат економскиот развој, стабилноста и чекорите за градење доверба на Западен Балкан.

„Истиот напор ќе го вложиме и за членството на Косово во Интерпол. Ние како Турција ќе играме активно улога во оваа кампања. Во суштина, членството на Косово во Интерпол е важно за регионот, за сите, вклучувајќи ја и Србија. Ова не треба да се гледа од политички аспект, туку треба да се гледа од аспект на безбедност“, нагласи Чавушоглу.

Чавушоглу рече дека е зголемен износот на инвестициите на турските компании во Косово.

„Ние како Турција се наоѓаме на трето место, и во инвестиции и во трговијата. Сакаме да го продолжиме ова наше партнерство. Нашите банки, компаниите за (менаџирање) со аеродроми, како и бројни други компании во рударство и други сектори тука вршат дејности, и тие се поддржани од страна на Косово. Со одобрување на Договорот за слободна трговија, ќе се зголеми и нашата трговија. Во оваа насока, добро е во најскоро време да се одржи состанокот на Мешовитата економска комисија. Сметам дека можеме да ја постигнеме посакуваната цел во трговијата и инвестициите ако активно ги користиме другите механизми, како и работни форуми“, додаде Чавушоглу.

Тој нагласи дека ќе продолжи соработката со Косово и во областите како образовени и развој.

„ТИКА досега реализираше над 600 проекти, чија вкупна вредност изнесува над 100 милиони евра. Во наредниот процес, препорачуваме да се дадат нови проекти на ТИКА. Во секоја област ТИКА ќе продолжи да ги поддржува овие проекти“, рече Чавушоглу.

Турскиот министер рече дека од аспект на образование, Турската фондација Маариф сака да отвори училишта во Косово.

„(Маариф) е подоготвена да ги презеде училиштата кои ќе ги трансферира админситрацијата на Косово. Нашето образовение, нашите деца да не ги предадеме на терористите. ФЕТО е терористичка организација. Таа се обиде да изврши државен удар во Турција. Безмилосно уби 251 наше луѓе. Тенковите ги насочија врз луѓето, и од хеликоптерите отворија оган врз нашите луѓе. Терористите што го прават ова, може да го прават истото и во Косово. Затоа, не треба да им дозволиме да се инфилтрираат во косовските институции искористувајќи ги образовните установи. Не сакаме братската земја Косово да го дозволи присуство на терористите кои извршија државен удар во Турција. Очекуваме да ги екстрадира терористите кои треба да бидат екстрадирани. Ова што го кажувам е важно за иднината и безбедноста на Косово, колку што е важно и за Турција. Ние нема да дозволиме присуство во Турција никому кој врши илегална активност против Косово, а камоли тие кои врши обид за државен удар, и тие ќе ги предадеме на Косово. Ова го очекувае и од нашите браќа. Верувам дека ќе биде уште подобра нашата сорабтка во оваа област“, нагласи тој.

Шефот на турската дипломатија изрази задоволство поради посетување на Косово, и рече дека се чувствува како во свој втор дом.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın