Adel Omeragic
07 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
ПОДГОРИЦА (АА) - Грција е подготвена да помогне на Црна Гора да ги имплементира правните текови на Европската Унија (ЕУ) во овој систем, порача денес претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, јавува Anadolu Agency (AA).
Павлопулос, кој престојува во посета на Црна Гора, се состана денес со црногорскиот претседател Мило Џукановиќ.
Павлопулос истакна дека Грција и Црна Гора од 2017 година се партнери во НАТО, а дека воената одбранбена соработка започнала во 2007 година.
„Грција дава значаен број стипендии на питомците кои се школуваат на грчките воени академии. Ние, секако, го поддржуваме постепеното пристапување на Црна Гора на ЕУ, и секогаш сме ви на располагање да ѝ помогнеме да имплементира правни текови во овој систем“, изјави Павлопулос.
Грција, како што наведе тој, секогаш ќе помага на Црна Гора, пружајќи ѝ стручна и техничка помош во организацијата на јавната управа.
„И особено во имплементацијата на она што претставува владеење на правото“, додаде Павлопулос.
Тој изјави дека Грција е за напредок на сите земји на Западниот Балкан кон ЕУ.
„Европа има потреба за создавање на едно крило на Југоисточна Европа, бидејќи без тоа крило таа не може да биде доволно силна. Поради тоа сакаме и останатите земји на регионот да напредуваат така како што напредува Црна Гора“, изјави Павлопулос.
Тој истакна дека сите држави кои сакаат да станат членки на ЕУ мора да ги почитуваат во потполност европските правни текови и меѓународното право.
„Поради тоа, народите кои сакаат да влезат во ЕУ мораат првенствено да ги решат сите расправии и несогласувања кои ги имаат со своите соседи. Европа не смее да биде простор за тие расправии“, порача Павлопулос.
Претседателот на Црна Гора, Мило Џукановиќ, истакна дека Грција пружа поддршка во континуитет кога станува збор за европската перспектива на Западен Балкан.
Тој оцени дека од Самитот на ЕУ во 2003 година, регионот значајно напредувал, и дека ги импонира тоа што поддршката не стигнува само од Грција, туку и од останатите членки на ЕУ.
„Во разговорот добивме отворени и пријателски совети како да ги поставиме стратегиите понатаму и полните европски интеграции во време кое не е редовно, бидејќи последиците на кризите на европскиот простор и тоа како се чувствуваат“, изјави Џукановиќ.
Црногорскиот претседател изјави дека денеска се потпишани договори во областа на културата и внатрешните работи, а дека на средбата е разговарано и за економската, како и за соработката во областа на правосудството.
„На нашите гости им соопштив дека Црна Гора е најдинамична економија во регионот и дека е најважно тоа што сакаме така и да остане“, додаде Џукановиќ.