Dejan Maksimoviç
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
САРАЕВО (АА) - Обвинителот на специјалниот оддел за воени злосторства подигна обвинение против Сафет Исаковиќ (1973 година), Ибрахим Џулиќ (1968) и Нисвет Пориќ (1972) за убиство на тројца затвореници во Босанска Крупа, објавија од обвинителството во БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие се обвинети дека за време на војната и оружениот конфликт во БиХ, во својство на командант (Исаковиќ) и членовите на ИДВ „Газије“, во 5. корпус на Армијата на Босна и Херцеговина, постапиле спротивно од одредбите на Женевската конвенција за заштита на воените затвореници, ранетите и болните, велат од обвинителството.
Се наведува дека обвинетите во јули 1995 година, на ридот Чорковаќа, на подрачјето Босанска Крупа, лично и директно пукајќи од огнено оружје убиле тројца заробени припадници на Армијата на Република Српска, од кои едниот бил ранет.
Обвинението беше доставено до Судот на БиХ.