НОВИ ПАЗАР
Во Општата болница (ОБ) во Нови Пазар од почетокот на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) до 20 јули починаа вкупно 154 лица, од кои 100 смртни случаи од Ковид-19, додека 54 смртни случаи не се поврзани со овој вирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува, по градовите: Нови Пазар 81 смртен случај од Ковид-19, а 53 не се поврзани со Ковид-19. Во Сјеница се регистрирани 12 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, еден смртен случај не е повзан со Ковид-19, Тутин 7 смртни случаи од Ковид-19.
Врз основа на наредбата на Штабот за вонредни ситуации до Регионалниот КОВИД центар во Нови Пазар да ги достави податоците за вкупниот број починати од последиците од вирусот Ковид-19 од почетокот на епидемијата во Општата болница во Нови Пазар издадена на 20 јули 2020 година, Регионалниот КОВИД центар ги достави наедените податоци.
Пред управата на Општата болница одржан е претстот на кој граѓаните од надлежните побараа одговорност поради големиот број починати од Ковид-19 во текот на пандемијата во новопазарската болница и побараа одговорност и смена од надлежните, градскиот Кризен штаб и координаторот на ОБ Нови Пазар др. Мирсад Ѓерлек.
Собраните граѓани ги истакнаа транспарентите на кои, помеѓу другото, пишуваше: „Точен број починати", „Што криете", „Политиката надвор од болница", „Промена на кризниот штаб", „Список на донации", „Умираме ефтино", „Зошто, благодарам Вучиќ?", „Каде се турските тестови" ....
Еден од организаторите на протестот пред неформалната група граѓани Аладин Паучинац рече дека од овој протест порачуваат дека „умираме ефтино, а тие тоа не сакаат да го признаат"
„Имаме многу повеќе починати отколку што соопштуваат, државата не води грижа за нас. Тие го прикриваат тоа. Зарем ние сме инсекти, немаме право на живот? Каде ни е судството, каде се нашите човекови права? Никој не може да ни каже дека нашите права не се загрозени, во болница, во судството, полицијата... Државата Србија даде минимално, немаме ние тука германски болници, нека дојдат да видиме", рече Паучинац, упатувајќи зборови на благодарност на санџачката дијаспора и на сите луѓе лекари кои помогнаа да се спасат бројните животи.
Тој рече дека ниту еден политичар не застанал на страната на народот и најави дека, доколку не ги добијат одговорите на нивните барања до понеделник, ќе продолжат со протестите.
„Нека види државата, нека види светот каде живееме", порача Паучинац.
Собирот помина без инциденти, а го обезбедуваа голем број полицајци и безбедносни органи.
Нови Пазар, Сјеница и Тутин, во Србија, кон крајот на јуни оваа година го погоди бран на коронавирусот во кој голем број граѓани се заразија или ги загубија животите од оваа болест. Во ОБ Нови Пазар, Регионалниот КОВИД центар на 9 јули, од последиците на Ковид-19 починаа дури 10 лица, а речиси 400 пациенти беа хоспитализирани.
news_share_descriptionsubscription_contact


