Fatjon Cuka,Dzihat Aliju
18 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
ТИРАНА (АА) ‒ ФАТЈОН ЦУКА ‒
Како дел од трансформацијата на Тирана во модерна метропола, уличната уметност, особено муралите, може да се најдат во речиси секој агол на главниот град, јавува Агенција Анадолија (АА).
Муралите кои го привлекуваат вниманието на сите, и на локалните жители и на посетителите од странство, го менуваат и изгледот на фасадите на зградите.
Младите уметници имаат можност своите уметнички дела да ги претстават пред јавноста, истовремено некои стари градби на главниот град да ги трансформираат во колоритни уметнички дела.

Муралите обично се наоѓаат на приватни објекти. Исто така, може да се видат и на разни згради или во различни средини и го привлекуваат вниманието на туристите кои го посетуваат градот.
Оваа уметност претежно ја изведуваат млади уметници, кои од една страна ја отсликуваат својата страст за сликарството пред јавноста, а од друга, остваруваат и приходи.
На покана на Општина Тирана, исто така и странски уметници изведуваат свои уметнички дела во главниот град. Во последните години, уметници од различни земји оставија свои траги на улиците на Тирана.
Колоритните улични уметнички дела станаа дел од виталноста и трансформацијата на градот. Исто така, тие сега се сметаат за составен дел на главниот град.
Меѓу пораките дадени преку муралите се борбата против епидемијата на Ковид-19, актуелните прашања за читањето книги, семејството, животната средина и теми од денешното општество.