Admir Fazlagic
06 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, упати сочувство до семејствата на жртвите во лавините во Ван, Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Веста за загубените животи во лавините во Турција многу ме растажи. Останете силни Мевлут Чавушоглу и сите други во Турција. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и до сите наши турски пријатели“, напиша Димитров во објава на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.
Во лавина во Ван во Турција вчера смртно настрадаа 40 лица.
Во операциите за пребарување и спасување учествуваат бројни тимови на различни турски институции.