Vesna Besiç
11 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
БЛАЖУЈ (АА) - Околу 300 мигранти, кои беа сместени во кампот „Вучјак“ во близина на Бихаќ, се преместени во некогашната касарна „Блажуј“ кај Сараево, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во попладневните часови вчера, од кампот „Вучјак“, каде што немаше услови, мигрантите беа преместени во „Блажуј“ и во прифатниот центар „Ушивак“, во близина на Сараево.
Преместувањето беше договорено претходно меѓу претставниците на Владата на Унско-санскиот кантон, Меѓународната организација за миграција (IOM) и Министерството за безбедност на БиХ. Денеска во попладневните часови во Сараево ќе биде одржана прес-конференција на Министерството за безбедност на БиХ во врска со моменталната ситуација со мигрантите на подрачјето на БиХ.
На медиумите моментално не им е дозволен влез во кампот во Блажуј, кој надлежните служби сѐ уште го уредуваат и подготвуваат за мигрантите кои се веќе во него.
Околу 700 мигранти во претходните месеци престојуваа во кампот „Вучјак“ во многу тешки услови. Со доаѓањето на студеното време, состојбата во кампот додатно се влоши, поради што голем број мигранти почнаа да заболуваат.