Bedrudin Brlyavac,Talha Öztürk
14 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
САРАЕВО (AA) -Група мигранти од Авганистан и Пакистан која во понеделник се обиде да ја пробие полициската барикада и преку нивите од Србија да влезе на територијата на Хрватска се откажа од обидот и се враќа за Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува репортерот на АА од местото на настанаот, околу 120 мигранти се наоѓаат на Железничката станица во Шид од каде со воз ќе се вратат во Белград.
Според неофицијалните податоци на Комесаријатот за бегалци и миграции на Република Србија, мигрантите со редовна линија во 04.00 во вторник ќе бидат префрлени од Железничката станица во Шид во Белград.
Се очекува возот на Железничката станица во Шид да стигне вечерва на полноќ.
Во меѓувреме, мигрантите чекаат на станицата на ладно време, додека само некои успеаја да пронајдат ќебиња за да се заштитат од ладното време.
Лекари без граници во вечерните часови на мигрантите кои се наоѓаат на Железничка станица им поделија вода и храна.
Потсетуваме, мигрантите, кои цела ноќ од недела на понеделник поминаа на отворено покрај патот, се обидоа во понеделник околу 14 часот да ја пробијат барикадата која ја постави српската полиција кај граничниот премин Шид-Товарник.
По неуспешниот обид за пробивање на барикадата мигрантите тргнаа преку нивите во обид илегално да ја преминат границата со Хрватска но во та ги спречи српската полиција. Во таа прилика се забележани и неколку случаи на судири помеѓу мигрантите и припадниците на полицијата.
Станува збор за група мигранти од Пакистан и Авганистан, кои вчера одбија да бидат сместени во прифатните центри за азил протестирајќи затоа што не им е дозволено легално, преку Хрватска, да го продолжат патот кон земјите на Западна Европа.
Група од околу 120 мигранти, во најголем дел од Авганистан и Пакистан, тргнаа во петок пешки од Белград кон Хрватска во надеж дека ќе успеат да ја поминат границата.